23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: Отпуштени уште 2.700 државни службеници

Во Турција се отпуштени од работа нови 2.700 државни службеници поради наводна поврзаност со терористички групи. Турската влада соопшти дека меѓу отпуштените 637 се припадници на војската, 360 припадници на жандармеријата и 150 професори и други припадници на академската заедница.

По минатогодишните обиди за државен удар во Турција, околу 50.000 луѓе се уапсени, над 110.000 државни службеници се отпуштени поради наводна поврзаност со терористички групи или со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организирање на пучот. Ѓулен пак ја негира вмешаноста во обидот за државен удар.

Спонзорирано: