Најмалку 37 луѓе загинаа во пожар што изби во трговски центар во градот Давао, на Филипините. Пожарникарите со часови се обидуваат да го изгаснат огнот, кој започнал на третиот кат и се проширил нагоре, при што ги заробил вработените во кол-центарот.
Шансите тие да преживеат се нула, изјави градоначалникот на Давао, Паоло Дутерте. Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, таткото на градоначалникот Паоло, се сретна со семејствата на настраданите, надворе пред опожарениот трговски центар.
Се утврдуваат причините за пожарот, а директорот за маркетинг, рече дека пожарот избил на третиот кат, каде се продава облека и мебел.
Пожарот се случува во моменти кога земјата е зафатена со смртоносна тропска бура.