Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Северна Кореја: Санкциите на ОН се акт на војна

Северна Кореја реагираше многу остро на најновите санкции на Обединетите нации, усвоени на седницата на Советот за безбедност. Во соопштението на Министерството за надворешни работи на таа земја, кое го пренесе државната новинска агенција, се вели дека тие казнени мерки се објава на војна и дека се еднакви на економска блокада на таа држава. Упатена им е закана на државите кои ги поддржуваат санкциите.

„САД кои во целост се преплашени од нашето остварување на историската цел, комплетирање на нуклеарните сили на државата, се повеќе повлекуваат чекори со кои се анметнуваат досега најстроги санкции и притисок на нашата земја. И натаму ќе ја консолидираме нашата нуклеарна самоодбрана со цел искоренување на американските нуклеарни закани, уцени и непријателски чекори, така што ќе воспоставиме практична рамнотежа на сили со САД“ соопшти севернокорејското министерство за надворешни работи.

Советот за безбедност во петокот едногласно ѝ воведе нови санкции на Северна Кореја, по нејзиниот најнов тест на интерконтинентална балистичка ракета. Како што прогнозираат некои аналитичари, овој чекор би можел да има значајно влијание на веќе ослабената економија на оваа изолирана држава.

Резолуцијата забранува речиси 90 отсто извоз на нафтени деривати во Северна Кореја, ограничувајќи ги на 500.000 барели годишно и репатријација на Севернокорејците кои работата во странство во рок од 12 месеци. Нацрт-резолуцијата која ја изработија САД, исто така предвидува намалување на снабдувањето на Северна Кореја со сирова нафта на четири милиони барели годишно.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе