9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Навални противкандидат на Путин на претседателските избори

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални изјави дека собрал доволно номинации за да го предизвика Владимир Путин на претседателските избори во март. Неговите поддржувачи се собраа во 20 градови низ земјата за да ги обезбедат потписите.

Навални се уште нема шанси да се кандидира, бидејќи изборните функционери го прогласиле за неподобен поради обвинението за корупција за кое тој вели дека е политички мотивирано.

Опозицискиот политичар е нашироко сметан за единствен кандидат со шанса да го оспори претседателот, кој бара четврти мандат што ќе претставува најдолгорочен руски лидер по Јосиф Сталин.

Спонзорирано: