33.8 C
Скопје
1. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

„Јунајтед ерлајнс“ доделува бесплатни авионски карти – Сите кои го користат ова име добиваат гратис лет до Австралија

Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ воведе нова линија која ги поврзува Хјустон во САД и Сиднеј во Австралија, па одлучи тоа да го одбележи на интересен начин.

„Јунајтед ерлајнс“ бара луѓе кои се викаат или презиваат „Сиднеј“. Сите кои ќе се јават стануваат учесници во наградната игра во која на крајот компанијата на 5 најсреќни ќе им додели бесплатни билети за новата линија, за летот на 18 јануари.

Наградата вклучува две карти во економска класа и пет дена престој во Сиднеј. На добитниците ќе им биде обезбедено хотелско сместување и џепарлак од 500 долари. Исто така ќе им бидат обезбедени и влезници за главните туристички атракции, вклучувајќи ја и познатата Опера.

Летот од Хјустон до Сиднеј трае околу 17 часа.