13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јакимовски: Сите партии во коалицијата да останеме заедно и да ги симнеме од власт предавниците

Како во животот така и во политиката има подеми и падови. Падот не е врзан за некои сериозни погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, туку е врзан за генетскиот код, а тоа е да се сака својот идентитет, својот јазик, да се бориш за својот просперитет и иднина.Тоа е гревот што се става врз ова раководство на оваа партија. Таков грев не може да има. Сега дојде режим на власт кој е подготвен да продаде се само за да владее, порача Стевчо Јакимовски.

„Никола Груевски покажа нов начин на менаџирање со државата, тој секојденевно беше на средби со граѓаните, работеше. Се отвораа фабрики, се сечеа ленти, исто така се покачуваа пензиите, граѓаните успеаа да си ги легализираат своите земјишта по цена од 1 евро квадрат, Скопје никогаш не било поубаво од сега. Но лавот иако е најсилно животно, кога е нападнато од многу хиени и тој нема моќ над нив. Сепак, лавот ќе остане лав, а хиенити ќе бидат секогаш хиени и лешинари“ рече Јакимовски.

Јакимовски му порача на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да биде мудар и сталожен. Исто така нагласи дека е многу важно сите партии во коалицијата да останат заедно и да бидат силни и да ги симнат од власт предавниците.

Спонзорирано: