Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Груевски најави закон за амнестија за настаните од 27 април

Досегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од говорницата на Конгресот на партијата најави дека ќе биде поднесен закон за амнестија за настаните од 27 април.

-Тепањето во парламентот беше голема грешка, иако беше обмислено сценарио од владеачките партии. Знаев што ќе следи, дека ќе се создаде перцепција дека ВМРО-ДПМНЕ е виновна и затоа реагирав остро уште вечерта. Потребни се Закон за амнестија и помирување. Треба и ДУИ да го знае тоа зашто амнестијата кон нив беше за потешки дела. Тоа и Заев треба да го знае, и покрај претрпената болка. Со законот за амнестија во 1999 година за настаните во Гостивар беа опфатени двајца градоначалници кои се ослободија, во 2001 година имаше амнестија за учесниците во конфликтот. Ние покажавме политички капацитет и државништво. ВМРО-ДПМНЕ веќе подготви закон за настаните од 27 април и наскоро ќе се појави во парламентот кој се надевам дека ќе биде прифатен, рече Груевски.
Тој изрази благодарност до сите членови, меѓу кои како што кажа и за Урко, Антонијо, Илија, Сашо, Иво.

„Имаше многу и сите од една генерација на подвизи и предизвици, бидете горди на постигнатото. Колку во моментите на магла да не е јасно ќе стане низ времето јасно. Упатувам извинување до сите поединци за сите направени грешки. Многу работев, сигурно правевме грешки. Никогаш не ветив дека нема да има грешки. За некои сум свесен, за некои се уште не. Како што поминува времето се правеле и злоупотреби за кои сега дознавам. Кој работи, тој и греши. Новиот претседател и новото раководство ќе научат многу од нашите практики и работи и ќе ги исправат моите и заедничките грешки, рече Груевски.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе