Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Голема кражба во Прилеп – украдени се многу пари и злато

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против В.Д.(23) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение дека сега пријавениот сторил кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво по член236 од Кривичен законик на Република Македонија.

Со извршеното кривично дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.200.000 денари.

Имено на 18-ти овој месец во период од 19.00 до 23.30 часот пријавениот го скршил цилиндерот од металната порта, влегол во дворот, а потоа во куќата сопственост на Г.М..

Откако влегол во подрумот, ја отворил вратата од метален сеф и од сефот одзел пари во различни валути и апоени и тоа евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти. Освен парични средства пријавениот пронашол и одзел и различен златен накит и тоа повеќе стари златни франги, шест до седум златни женски прстени, четири женски ланчиња, мала детска белезгија, сребрена пара, марамче на кое имало пришиено сребрена и златна пара и различни златни приврзоци. Откако ги одзел предметите од сефот, се качил и на вториот спрат од куќата, испретурал по сите соби и од детската соба одзел еден женски часовник марка „ Есприт“ и различен сребрен женски накит. Пријавениот предизвикал матријална штета во вкупна вредност од околу 2.200.000 денари.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе