13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гласањето на Албанија во ООН, ги раскара Рама и Мета

Албанскиот претседател Илир Мета го обвини премиерот Еди Рама дека гласањето на Тирана во ООН против одлуката на американскиот преседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Изрел, е одлука која не е донесена од страна на надлежните институции.

Мета изјави дека за ставот на Албанија во ООН, воопшто не бил консултиран и додаде дека тоа е одлука на премиерот Рама. Мета смета дека гласањето на Албанија против САД е на штета на Албанија, бидејки САД е стратешки партнер на Албанија.

Обвиниувања на адреса на Владата во Тирана има и од страна на опозицијата. Лидерот на Демократската партија Љулзим Баша изјави дека направена е голема грешка, бидејки Албанија во континуитет дава поддршка на Вашингтон и политиките на САД во светот.

Албанското МНР во соопштение информираше дека гласањето на Албанија во ООН е во согласност со политиката на ЕУ. Притоа во соопштението се нагласува дека гласањето околу одлуката на Трамп, не е вперена против САД.

Албанските аналитичари оценуваат дека кавгата на власта и опозицијата, како и обвинувањата на претседателот на државата вперени против премиерот, се повеке покрај другото имаат и за цел профитирање и политички поени за поентирање во и така вжештената политилчка клима во земјата.

Спонзорирано: