13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Четворица директори на „Мис Америка“ поднесоа оставки

Генералниот извршен директор на „Мис Америка“, Сем Хаскел, поднесе оставка поради протечените имејл пораки, кои ги обесхрабрија учесниците на натпреварот, пренесе БиБиСи. Според информациите, пораките кои протекоа, наводно, содржеле вулгарни референци за минатите победници и коментари за нивниот сексуален живот. Поранешните учесници ги критикуваа ужасните откритија.

Организацијата соопшти дека ќе ја прифати непосредната оставка на Хаскел, а неговиот претседавач, Линн Вајднер и двајца други директори, исто така, заминуваат од функциите.

Претседателот и главен оперативен шеф на организацијата, Џош Рендл, исто така, поднесе оставка поради неодамнешните и новите случувања, пренесе Би-Би-Си.

Објавувајќи ја оставката на Хаскел во изјавата објавена на нејзината сметка на Твитер, Организацијата „Мис Америка“ (МАО) соопшти дека Вајднер ќе помогне да се инсталира ново лидерство пред да замине.

Членот на одборот на директори, Тами Хаддад, во петокот, исто така поднесе оставка на функцијата.

Спонзорирано: