20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арбен Таравари со остра порака до Зоран Заев – еве што напиша на фејсбук

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, а актуелен градоначалник на Гостивар, со жестоки зборови му се обрати на премиерот Заев и неговите тврдења дека Алијансата претходно раководела со овој владин ресор само поради кадарот како Таравари, а не поради самата партија. Таравари во емотивна објава на Фејсбук потсетува колку Алијансата за Албанците била важна за функционирање и работата на Владата.

„Ова е една изјава која сум принуден да ја кажам заради еден смешен рефрен кој се повторува често пати како оправдување од страна на премиерот Зоран Заев.

Заев кажа дека Министерството за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Министерството за здравство тој прати една незрела вест.

Смешно! Кога видов дека кутриот премиер го повторува тоа неколку пати и повторувајќи ги неколку пати лажните (псевдо) аргументи, жалосно-смешно! На ова оправдување на Заев не верува ни едно петгодишно дете.

Сигурно е дека ова министерство и е дадено на Алијансата бидејќи без оваа партија немаше да има Влада. Се сеќавате ли како дојде до ова? Беше тоа време кога во Парламентот крвареше Зијадин Села и без никаков сомнеж јас бев избран од Алијансата да го водам Министерството за здравство.

Заради тоа вие не можете да го убедите народот и да се однесувате инфантилно.

Кој ве натера да го свртите кавалот господине Заев? Почнавте и вие да ги делите министертвата на тие кои плачат повеќе или имате некое дете во коалиција што се лути на нас и не не сака?

Жал ми е за Владата

Арбен Таравари

пс. Дали некогаш сте се запрашале што имате заедничко со Груевски?

Јас ќе ви кажам: Само Али Ахмети

Интересно..Како е возможно????“, пишува Таравари на својот Фејсбук профил.

 

Спонзорирано: