21.8 C
Скопје
28. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Алијанса за Албанците денеска најверојатно ќе донесе одлука дали ќе остане во владата

Централното Собрание на Алијансата за Албанците денеска ќе одлучува дали ќе остане во Владата или не.

Централното Собрание во Гостивар треба да го одржи својот редовен состанок на кој ќе биде разгледан и извештајот од локалните избори, а ќе се разговара и за подготовките за вториот Конгрес на партијата.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, ја одби понудата на премиерот Зоран Заев за вицепремиерско место за реформи, но не се откажува ниту од Министерството за здравство. По изборите во декември минатата година Арбен Таравари од Алијансата за Албанците беше именуван за министер за здравство, но фотелјата остана празна откако тој победи на локалните избори во октомври и стана градоначалник на Гостивар.