4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

3 сигурни знаци кои откриваат лажговци за 5 секунди: Не дозволувајте да ве измамат!

Научниците откриле начини кои ќе ви помогнат според говорот на телото да препознаете дали некој ве лаже за помалку од 5 секунди.

Лажењето е лоша карактерна особина на која, рака на срце, никој од нас не е имун. Секој кажува барем некоја најневина лага. Просечен човек ја искривува вистината 11 пати за седум дена, покажало едно истражување. Иато така, научниците откриле начини кои ќе ви помогнат според говорот на телото да препознаете дали некој ве лаже за помалку од 5 секунди.

1. Глава

Лицето кое кажува лага сигурно ќе се обиде да го прикрие тоа, но движењата на неговата глава ќе ви открие дали ве лаже. Еден од знаците дека некој ве лаже е речиси незабележителното мрдање со главата.

2. Раце

Ако некој кој инаку е опуштен и смирен одеднаш постојано гестикулира со рацете (со прстите покажува на нешто, се чеша по лицето и има некои други немирни потези), бидете сигурни дека ве лаже.

3. Говор

На лицето кое лаже му треба повеќе време да одговори на некое прашање, многу често прави пауза среде реченица (како би смислил продолжение на лагата).