3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Вредноста на биткоинот во еден ден скокна за речиси 50 отсто

Вредноста на биткоинот денеска нагло скокна над 40 отсто и во овој момент изнесува речиси 16.000 долари.

Овој скок на вредноста на биткоинот доаѓа само еден ден откако оваа криптовалута го доживеа најголемиот пад на вредноста оваа година – биткоинот во петокот изгуби третина од својата вредност.

Потсетуваме, вредноста на биткоинот вчера вртоглаво падна за триесетина отсто, односно за 3.600 долари и изнесуваше околу 10.500 долари. Биткоинот во неделата вредеше вртоглави 20.000 долари.

Падот на цената на Биткоинот следеше после неколкуте лоши вести за оваа криптовалута.