11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Притворените од 27 април се во лоша здравствена состојба

ВМРО ДПМНЕ соопшти дека се загрижени заради информациите дека здравствена состојба на притворените за настаните од 27 април се влошува поради нехуманите услови во кои се сместени. Престојуваат на минусни температури, со греење два пати во денот, во времетраење од еден час, велат од таму.

„На удар сега се овие патриоти кои и кажаа не на хунтата, а утре на удар може да биде секој еден граѓанин на оваа држава кој размислува различно од врхушката на власт. Ова лудило мора да запре, граѓаните не смее да бидат жртва на налудничавоста на власта.Од ВМРО-ДПМНЕ бараат: Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Прекршителите на законите кои во името на хунтата газат се пред себе, мора да знаат дека за секое нелегално дејствие ќе одговараат. Република Македонија мора да биде демократска држава, со цврсто владеење на правото и компромис со тоа нема да има.

Спонзорирано: