Синоптичарите најавуваат снег – еве што ќе се случува со времето
До среда ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на дневните температури.
Во вторник и в среда по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а на повисоките места и на планините ќе има мала до умерена облачност.
В четврток и в петок ќе има локални врнежи од дожд, а во западните делови во вечерните часови врнежите ќе поминуваат во снег.