Амишите освен што јадат здраво и природно, исто така и не пушат, не пијат и воглавно не се промискуитетни.
Извршуваат најмногу физички работи бидејќи воглавно се занимаваат со земјоделие и градежништво. Се верува дека токму поради таквиот начин на живот Амишите не заболуваат од карцином.
Уште една важна работа е што Амишите сами произведуваат своја храна користејќи органски методи, па така добиваат здраво овошје и зеленчук, но и месни и млечни производи.