3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Не бил задоволен како изгледа на потерницата, па им испратил на полицајците нова слика (фото)

Маж кој се наоѓал на потерница на полицијата во Охајо (САД), не бил задоволен од својата слика на потерницата, па одлучил да направи селфи и така да и помогне на полицијата со „поубава“ фотографија.

Donald “Chip” Pugh бил баран од полицијата, поради непојавување пред суд, како и други случаи кои вклучуваат пироманија и вандализам.

Меѓутоа овој 45-годишник не бил задоволен со сликата од потерницата. Затоа и се одлучил да испрати поубава фотографија на која е во одело, со наочари за сонце во својот автомобил.

– Еве подобра фотографија, онаа која ја објавивте е навистина ужасна, напишал 45-годишникот.

Во полициската станица му се заблагодариле за помошта околу фотографијата, но го замолиле „веќе кога е толку внимателен“, да се јави во полициска станица како би поразговарале за обвиненијата против него.

Спонзорирано: