11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва: Исламска држава има над 10.000 борци во Авганистан, а пристигнуваат нови од Сирија и Ирак

Терористичката група Исламска држава има над 10.000 лојални борци во Авганистан, а Москва верува дека САД ја потценуваат нивната закана, вели Замир Кабулов, шеф на одделот за Блискиот Исток во руското Министерство за надворешни работи.

Исламска држава беше истерана од нивната база во Сирија и Ирак оваа година со одделни воени операции на коалицијата предводена од САД, и сириската армија поддржана од Русија. Многу од борците од ИД кои ги напуштија тие земји завршија во Авганистан, каде што терористичката група има околу 10.000 војници во моментов, истакна Кабулов.

„Русија беше меѓу првите нации кои алармираа околу проширувањето на ИД во Авганистан “, изјави тој за РИА Новости.
“Во последно време ИД го зголеми своето присуство во земјата. Нашата проценка е дека нивните сили таму, ги сочинуваат над 10.000 војници и нивниот број продолжува да расте. Тоа вклучува нови борци со борбено искуство примени во Сирија и Ирак ” додава Кабулов.

ИД силите се најсилни во северниот дел на Авганистан на границата со Таџикистан и Туркменистан – точка на загриженост за Русија, која има блиски историски врски со двете нации, посочува Кабулов.

“Целите на ИД се дефинитивно да го прошират своето влијание надвор од Авганистан, што тие го користат како место за одржување. Ова претставува значајна безбедносна закана за Централна Азија и јужните делови на Русија “, истакна Кабулов.

Дипломатот вели дека Русија и САД имаат различни мислења за тоа колку голема закана претставува ИД во Авганистан и Централна Азија. Вашингтон, рече тој, е фокусиран на борбата против талибанците и е во процес на отуѓување на другите нации во регионот.

Спонзорирано: