11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави против четири лица за припредување игри на среќа без дозвола

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе четири кривични пријави до ОЈО Тетово и ОЈО Гостивар, против лицата А.Х. (55) од Тетово, Д.М. (32) од с.Камењане, тетовско, А.Ч. (49) од Гостивар, А.Љ. (48) од Тетово, заради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган.

По претходно изготвен оперативен план припадници на МВР заедно со екипи на Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар, меѓу кои и спортска обложувалница “Чампион“ на ул.„Маршал Тито“ во Тетово – сопственост на пријавениот А.Х., спортска обложувалница „Гол“ во с.Камењане, општина Боговиње – сопственост на пријавениот Д.М. (објект и во угостителска функција -чајџилница) на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, потоа нерегистрирана спортска обложувалница сопственост на пријавениот А.Ч. и спортска обложувалница „Балкан Бет“ на ул.„132“ во Тетово – сопственост на пријавениот А.Љ.

Спонзорирано: