13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ изгласа резолуција за осуда на политичкиот прогон спроведен од СДСМ

Конгресот н ВМРО-ДПМНЕ изгласа резолуција со која најостро го осудува политичкиот прогон и сите постапки на прогон кои ги спроведува СЈО против лицата кои учествувале во настаните од 27 април. Како што се наведува, постапките немаат никаква правна издржаност.

Мотивот за политичкиот прогон од СДСМ за лицата е заложбата за почитување и промоција на националните и државните интереси од страна на членовите, поддржувачите или симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие повикаа на ревизија на сите случаи на политичкиот прогон на лицата кои што се обвинети, бидејќи како што кажаа, се спротивставуваат на политиките на Заев

Спонзорирано: