13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Келнерите откриваат: Еве кои пијалаци не би требало да ги пиете во кафуле

Следниот пат пред да нарачате Мохито или точено пиво, размислете уште еднаш. Њујоршкиот комичар и келнер Тим Дун открил пет пијалаци кои, според неговото искуство, не би требало да ги нарачувате во кафуле.

Мохито

Воглавно ќе добиете лоши и неквалитетни состојки како засушена мента и расипана лимета. Наместо Мохито, нарачајте Бакарди и газиран пијалак.

Точено пиво

Како што открива, машините за точење воглавно се полни со бактерии и речиси никогаш не се чистат.

Коктели со млеко

Популарен пијалак во американските барови е „White Russian“ коктелот за кој вели никако да не го нарачувате бидејќи воглавно користат млеко со истечен рок на траење.

Вино

Не е правило, но вината на куќата воглавно се суперевтини и со лош квалитет. Заобиколете ги овие вина и почастете се со врвно вино во бар со винска карта.

Било што замрзнато

Мраз избегнувајте како и останати смрзнати коцки кои се додаваат во коктелите, бидејќи ледоматите се навистина нечисти.

Спонзорирано: