Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Хојт Ји: Скопје и Атина имаат одлична можност за решавање на спорот со името во 2018

Скопје и Атина имаат одлична можност за решавање на спорот со името во 2018, вели американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји за грчката новинска агенција „АМНА“.

Тој смета дека по локалните избори премиерот Зоран Заев има чист мандат од народот да продолжи со основните реформи.

-Верувам дека Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат прашањето со името во 2018. Лидерството и добрата волја што ги покажаа двете влади во ова прашање се охрабрувачки. Преговорите ќе бидат тешки и двете страни ќе треба да направат компромиси, но почетните консултации, под медијаторство на специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, се чини дека беа конструктивни. Продолжуваме да го поддржуваме процесот во Обединетите Нации и ги охрабруваме двете земји да преговараат со добра верба, со посредство на Нимиц –вели Ји.

Според него, охрабрува позитивниот тон што го гледа од македонскиот премиер, особено во однос на подобрување на односите со соседите.

-И двата круга на локалните избори кои неодамна се одржаа беа многу конкурентни и се одржаа во клима на почитување на основните слободи. Гласот на народот на земјата беше силен и јасен, потврдувајќи ја јавната поддршка на промените што ги претставува владата на Заев. Премиерот Заев има јасен мандат да продолжи со промовирање на клучните реформи – додава Ји.

Во однос на шпекулациите и информациите во медиумите дека тој би можел да биде нов американски амбасадор во Македонија, Ји вели дека не постојат такви планови, бидејќи Белата куќа е единствена надлежна за тие прашања и до сега нема соопштено ништо такво.

Извор: Мета.мк

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе