15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Грција лежи на богатство: 230 тона злато и 1.500 тона сребро се уште неискористени

Грција е една од ретките европски земји кои имаат неискористени резерви на злато и сребро и тоа токму на Халкидики.

Таму се наоѓаат големи резерви на тој неискористен метал, се истакнува во последното издание на “Handelsblatt German Economic Chamber”.

Во извештајот цитиран е грчкиот весник „Њуз“, кој наведува дека бројките се прилично импресивни и дека таму се наоѓаат 230 тона чисто злато и околу 1.500 тона сребро.

Весникот истакнал дека експлоатацијата во рудниците Скуријас и Олимпијадес требало да почне уште на почетокот на 2015 година, но тоа не се случило, бидејќи не биле добиени дозволи од властите во Атина.

Многу инвеститори сметаат дека таа количина злато во Грција за нив е сигурно пристаниште. Меѓутоа, не се споменува колкав е ризикот од вложувањата.

Спонзорирано: