13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Еве каде премиерот Заев ќе ја дочека Нова година

Премиерот Зоран Заев, Нова година ќе ја дочека во Солун, каде домаќин ќе му биде градоначалникот на градот, Јанис Бутарис, пренесува порталот „Нова“.

Заев ја прифатил поканата која Бутарис му ја упати додека беше во работна посета на Скопје во ноември, и кога се сретнаа со македонскиот премиер.

Освен што го покани во Солун, во знакот на добрососедските односи, Бутарис истакна и дека ќе се залага, следната средба на премиерите Заев и Алексис Ципрас, да се одржи токму во Солун.

Премиерот во ноември рече дека со солунскиот градоначалник се согласиле дека политичарите од двете земји имаат обврска да ги отворат перспективите на граѓаните и додаде дека тие можат да излезат како победници ако изнајдат решение на повеќедеценискит спор со името./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: