5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Чудна светлина ги збуни жителите – вакво нешто не видел никој досега

Жителите на Лос Анџелес во петокот останале зачудени од глетката која ја забележале на небото, пишува Лос Анџелес Тајмс.

Имено, компанијата на Илон Маск, SpaceX, нешто после 17 часот по локално време од воена база на американските воздушни сили ја лансирала ракетата Falcon 9.

Сите 10 сателити кои ги носела ракетата се успешно покренати.

Локалните власти ги предупредиле жителите на подрачјата во близина дека лансирањето ќе биде видливо ширум јужна Калифорнија, но и пошироко.

Бидејќи лансирањето било особено атрактивно, многу жители на јужна Калифорнија кои се наоѓале во своите автомобили за време на лансирањето застанале и излегле од своите автомобили за да видат што се случува.

Многу луѓе коментирале дека Илон Маск ги преплашил и дека помислиле како вонземјани се спуштаат на Земјата.

Спонзорирано: