27.8 C
Скопје
1. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Вучиќ: Нема да се кандидирам за втор мандат, мојот предлог за решение за Косово ќе го соопштам до април

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за „Блумберг“ изјави дека веројатно нема да се кандидира на следните претседателски избори во 2022 година.
Како што рекол, тој има намера да ја заврши работата потребна за влез на Србија во Европската Унија до крајот на мандатот.
„Дали ќе бидам претседател во 2025 година? Нема. 99 отсто нема да бидам, а нема да се вратам ниту на премиерската позиција. Мојата идеја е да ја завршам работата во оваа канцеларија во следните четири и пол години, и тоа е тоа“, рекол Вучиќ.
Како што истакнува „Блумберг“, најмоќниот политичар во Србија рекол дека неговиот предлог за решение за прашањето за Косово – најголемата пречка на патот кон ЕУ, ќе ја соопшти до првата половина на април в година.
Како што рекол, својот предлог првин ќе го изнесе пред Србите, а потоа и пред меѓународната заедница. Не сакал да открие детали, но навел дека од клучна важност ќе биде подобрувањето на врските со Албанците, како и дека двете страни ќе мора да бидат спремни на компромис.
„Ова е една од последните шанси да надминеме еден од најголемите проблеми во регионот, и тоа засекогаш“, рекол тој.