10.8 C
Скопје
3. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Австралија запленета дрога вредна 802 милиона долари

Австралиската полиција конфискува 1,2 тони метамфетамин, чија улична вредност се проценува на  802 милиона долари.
Ова е најголемата заплена на дрога во земјата досега.
Метамфетаминот бил запленет во западниот дел на Австралија по сложена истрага, во која учествувале повеќе агенции, а против осум лица, државјани на Австралија, се поднесени обвиненија.
Полицијата соопшти дека дрогата била транспортирана со приватен брод, а потоа била пренесена во комбе.
Уапсени биле тројца мажи од комбето, тројца од бродот и уште двајца од хотел во градот Перт.
Запленувањето на дрогата и апсењата се резултат на петмесечна операција преку која била разбиена добро организирана криминална мрежа за трговија со дрога.
Во комбето биле пронајдени 59 кеси, кои содржеле речиси 20 килограми метамфетамин.