5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Борис Џонсон во Москва: Јас сум посветен русофил

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, на заедничка прес-конференција со својот руски колега, Сергеј Лавров, во Москва, порача дека е посветен русофил поради што пред да стане министер имал проблеми да ги претстави своите предци во светот како во Франција, Германија и Америка, но, како што рече, и тука во Москва, пренесе „Раша тудеј“.

„Сигурен сум дека јас сум првиот министер за надворешни работи во историјата на Британија што се викам Борис, а како што верувам и последен“, додаде Џонсон.
Тој му рекол на Лавров дека сака да разговараат за тешки теми, како што се присоединувањето на Крим и руското дестабилизирање на Западен Балкан.
Лавров пред почетокот на состанокот му рекол на Џонсон дека односите на двете земји се на многу ниско ниво поради, како што нагласил, акциите на Русија.
Како што пренесува „Ројтерс“, се очекува Џонсон подоцна да се сретне со критичарите на Кремљ, студенти и активисти што се борат за права на ЛГБТ-заедницата.
Посетата на Џонсон на Русија се случува во моменти кога односите меѓу Лондон и Москва се затегнати поради разни ставови по повод Украина и Сирија, како и поради обвинувањата, што Русија ги негира, дека Москва се мешала во политиката на разни европски земји и дека ги поддржала сајбер-нападите и кампањата за ширење дезинформации.
Му беa потребни неколку обиди да стигне до Москва откако стана висок британски дипломат, но Борис Џонсон конечно го направи тоа. Тој беше подготвен да ги покаже своите руски квалификации како дипломатски прогласувајќи се себеси за посветен русофил, објави „Раша тудеј“ .
Тој е првиот британски министер за надворешни работи што ја посети Русија за пет години поради затегнатите односи.
За време на прес-конференцијата, по разговорите со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Џонсон се обиде да покаже некои вештини за руско говорење и ги пофалил своите „руски предци“.
Спонзорирано: