4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп гради ѕидови околу својот голф терен за да се заштити од климатските промени кои официјално не ги признава

Претседателот на САД, Доналд Трамп, добил дозвола да изгради ѕидови околу теренот за голф на својот имот во Ирска, објавија американските медиуми.
Локалните власти во ирскиот Дунбег му издале дозвола на Трамп да изгради два ѕида долж крајбрежјето во близина на теренот за голф.
Едниот ѕид ќе биде долг околу 600, а другиот околу 260 метри. Ѕидовите ќе тежат вкупно 38.000 тони, а ирски медиуми пренесуваат дека тие ќе бидат поставени како граница меѓу морето и дупките број 1, 9 и 18 на теренот за голф.
Оваа одлука ги огорчила еколозите кои изјавиле дека ѕидовите може да ја оштетат плажата и природата околу имотот. Сепак, локалниот совет кој ја издал градежната дозвола изјавил дека „малку е веројатно оти ѕидовите значително ќе влијаат врз животната средина во околината“.
Лидерот на Ирската зелена партија, Емон Рајан, изјавил: „Ова е разочарувачки. Би требало да го менуваме теренот за голф, а не нашите брегови“.
Организациите за животна средина планираат да поднесат жалба против одлуката на властите во Дунбег.
Во барањето за градежна дозвола, поднесено минатата година, управата на имотот како причина за подигнување на ѕидовите ги навела заштитата од климатските промени, односно зголемувањето на нивото на морето и екстремните временски услови.
Колку за потсетување, Трамп пред и по поднесувањето на ова барање постојано изјавува дека климатските промени се „измама“, а најави и повлекување на САД од Парискиот договор за климата. Неговата администрација претходно неделава ги отстрани климатските промени од листата на закани по националната безбедност.