10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Сугарески в година очекува целосно функционален автопат на Коридорот 10x

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во Битола се обрати на форумот „Важност на Пан-европскиот коридор 10 Д за Република Македонија, Балканскиот Полуостров и Европската Унија“.
„Република Македонија со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст на регионот преку развој на инфраструктурата на двата коридора – 8 и 10. Искористувањето на таквата позиција, покрај економските придобивки, има и политичко значење во процесот на позиционирање на земјата како неизбежна транспортна рута. Затоа, сметаме дека заокружувањето на инвестициите на овие коридори се од клучно значење за целосна функционалност и одржување на добрата кондиција на патната и железничката мрежа“, истакна министерот Сугарески.
Тој пред присутните ги презентира проектите што ги реализира Владата во делот на патната и желеничката инфраструктура на овој коридор. Притоа нагласи дека на среден рок програмска определба на Владата е изградба и реконструкција на над 700 километри патна мрежа.
„Многу значаен проект на кој во наредниот период ќе посветиме големо внимание е проширување на државниот пат Прилеп – Битола сè до граничниот премин Маџитлија. Овој патен правец планираме да го изградиме на ниво на експресен пат, a во меѓувреме делот од Битола до Меџитлија ќе го реконструираме. Генерално, в година очекувам да имаме целосно функционлаен Коридор 10 на ниво на автопат, а за две до три години да имаме и модерни патни правци на кракот 10 Д“, истакна министерт Сугарески пред присутните.
Тој побара од стручната јавност да се вклучи во креирање на националните политики за развој на патната и желеничката мрежа во Република Македонија.
Спонзорирано: