10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Скопските таксисти на средба со работната група на Владата

Работната група формирана од Владата од претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, денеска оствари средба со претставници на Асоцијацијата на легални такси превозници – Скопје, на која присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
На средбата беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат легалните такси-превозници, како и за начините за надминување на покренатите прашања.
Двете страни се согласија дека од оваа прва средба произлегоа предлози за решенија кои укажуваат на можностите за брзо надминување на сите проблеми во работењето на легалните такси-превозници.
Спонзорирано: