23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин и Меркел разговарале за повлекувањето на Русите од Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка, Ангела Меркел, разговарале за одлуката на Путин да ги повлече воените набљудувачи од источна Украина.
Путин рекол дека повлекувањето на воените набљудувачи од Украина било условено со ограничувања и провокации од страна на украинските власти, што им го отежнало извршувањето на задолженијата.
Од друга страна, Украина го осуди потегот на Русија велејќи дека тоа би можело да го зајакне непријателството.
Меркел и Путин се согласиле да ги разгледаат чекорите што би можеле да доведат до евентуално враќање на руските набљудувачи во Украина.
Спонзорирано: