Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Пучдемон го повика Рахој на средба во Брисел

Разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, изјави дека е подготвен да се сретне со шпанскиот премиер Маријано Рахој во Брисел.
Пучдемон одржа прес-конференција во белгиската престолнина кога беа објавени резултатите од гласањето на регионалните избори во Каталонија, на кои победата им припадна на партиите што се залагаат за отцепување на покраината од Шпанија.
„Подготвен сум за тоа затоа што ни е потребна нова политика во Шпанија и Европа, потребни ни се политички решенија, а не репресија“, рече Пучдемон потсетувајќи дека распоредувањето голем број полициски и воени сили во Каталонија е форма на насилство врз жителите Каталонија.
„Мислам дека Рахој во знак на добра волја треба да ги релоцира сите полицајци што беа испратени во Каталонија од септември. Исто така, би трабало од владата да ги смени сите оние што донесоа нелегитимни и погрешни одлуки во врска со Каталонија“, му порача каталонскиот лидер на шпанскиот премиер.
Воедно, Пучдемон му порача на Рахој веќе да не носи одлуки во име на Каталонците бидејќи е дојдено време за нов политички рецепт.
„Рахој не успеа“, рече тој потсетувајќи дека најпрвин беше доведена полиција во Каталонија, потоа беа поништени резултатите од референдумот за отцепување, по што беа организирани нови избори на кои победиле истите луѓе што шпанскиот премиер сакаше да ги отстрани.
Се очекува Рахој да ѝ се обрати на јавноста денеска во 14 часот.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе