4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Претприемачите добија решенија за субвенции преку кои ќе го унапредуваат своето работење

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска врачи решенија и договори за субвенции по мерките од програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година, со кои беа поддржани над 150 претприемачи.

„Преку програмата овозможивме им директна финансиска поддршка на претпријатијата во износ од безмалку 25 милиони денари преку реализација на мерки за поддршка за имплементирање на стандардите за квалитет – ИСО, ХАСАП, ХАЛАЛ за набавка на нова и модерна опрема, како и за подобрување на деловниот простор, наменети за занаетчии, жени претпреимачи, мали и средни претпријатија, еснафи и занаетчиски комори. Сето ова е со цел на претприемачите да им се помогне во унапредување на нивното работење“, рече министерот Бектеши во своето обраќање.

Новата Влада со планот за економски раст се определи за уште поинтензивна поддршка на секторот мали и средни претпријатија и со ребалансот на буџетот во август обезбеди уште дополнителни 16.000.000 денари за оваа намена, со што вкупниот буџет за поддршка на МСП се зголеми на 24.890.000 денари.

„Интересот за сите мерки беше исклучително голем и во 2017 година се субвенционирани над 150 претпријатија, занаетчии, комори, еснафи, здруженија на граѓани. Владата на Република Македонија и Министерството за економија ќе продолжат да ги поддржуваат малите и средните претпријатија и в година, па можам да ја споделам со вас информацијата дека во предлог-буџетот за 2018 година за оваа програма се планирани над 38 милиони денари, што значи буџетот за оваа програма се зголемува цели 60 отсто во споредба со претходната година и ќе изнесува изнесува 38.110.000 денари“, најави министерот Бектеши.

Во 2018 година, покрај постојните мерки што се реализираат во претходната година, преку оваа програма ќе се реализираат и нови мерки преку објавување јавни повици.