Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Потегот на Тереза Меј е за поздравување – еве кој му беше на гости на премиерот Зоран Заев

Премиерот на Република Македонија претпладнево се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, кој на Заев му врачил писмо од британската премиерка, Тереза Меј, за Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, информираат од службата за односи со јавност Владата.
Во писмото на британската премиерка, меѓудругото се наведува дека целта на Самитот во Лондон е да се поддржат земјите од Западен Балкан во нивната посветеност, изразена на Самитот во Трст, за добрососедски односи, регионална соработка и адресирање на предизвиците во овие процеси.
Премиерот Заев на средбата се заблагодарил за поддршката што ја дава Велика Британија на Република Македонија и на целиот Западен Балкан и нагласил дека истата е многу важна за развојните и интеграциските процеси и на Македонија и на целиот регион.
Премиерката на Велика Британија во писмото потсетува дека лидерите, на Самитот во Трст се согласиле дека интеграциите се „стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, сигурноста и стабилноста на Европа во целост“ и додава дека Велика Британија е подготвена да помогне со експертизи и со искуства, заедно со европските партнери и Европската комисија за посилен прогрес.
Посочувајќи дека поддршката на Велика Британија на регионот е долгорочна, како и во насока на европската стабилност, британската премиерка во писмото додава: „Продолжуваме да го поддржуваме регионот на евро-атлантскиот пат и да работиме со вашата Влада, со европските партнери и со другите влади од регионот во градењето просперитет, сигурност и стабилност, во подготовката на нашиот Самит во 2018 година и пошироко“.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев најавил дека нашата држава ќе даде активен придонес во сите посочени важни прашања што ќе бидат тема на Самитот.
„Стратешки цели на Република Македонија се интеграциите во Европската унија и во НАТО. Свесни сме дека само заедно, како регион, низ добрососедска економска и политичка соработка можеме да обезбедиме напредок и да придонесеме кон безбедноста и развојот и за државите, и во поширока смисла и јас како премиер и Владата на Република Македонија силно се посветени на овие цели и процеси“, додал премиерот Заев.
На состанокот на Заев и британскиот амбасадор Гарет се разговарало и за важноста на потребните внатрешни реформски процеси, посебно во делот на независноста на правосудството и владеењето на правото.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе