11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По пет години прва посета на британски министер за надворешни работи на Русија

Британскиот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров во Москва. Тој е прв британски министер за надворешни работи што ја посетил Русија по пет години во моменти на разнишани односи меѓу двете земји.
Џонсон и Лавров се очекува да разговараат за руско-британските врски, како и за меѓународните прашања, соработката за Сирија, но и за севернокорејската криза, како и за многу други работи.
„Се надевам на отворен и директен разговор и размислувам да ги истакнам конкретните чекори за зајакнување на нашите односи како главна задача на овој состанок“, рече Лавров пред почетокот на состанокот со својот британски колега. Тој додаде дека односите меѓу Обединетото Кралство и Русија се на многу ниска точка. Но, како што нагласи, двете земји, исто така имаат заемна загриженост, што треба да се реши.
Пред разговорите Борис Џонсон рече дека Лондон и Москва треба да работат на односите и отворено да разговараат за тешкотиите.
Иран е заеднички интерес за Велика Британија и Русија, а иранскиот нуклеарен договор треба да биде област на билатерална соработка, рече Џонсон. Договорот за нуклеарната програма на земјата, познат како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше широко критикуван од американскиот претседател Доналд Трамп, кој одби да ја потврди иранската согласност за договорот во октомври наведувајќи ги повеќекратните прекршувања од Техеран.
Спонзорирано: