Работник во зоолошката градина во данскиот град Одензе забележал дека недостасуваат неколку пингвини, но не кревал паника, туку веднаш воочил на која страна „збришале“ пингвините.
Расположениот работник снимил свежи траги од пингвинските ноџиња, ја вклучил камерата и тргнал по нив. За кусо време ги стигнал.
Тие како вистински бегалци од „затвор“ барале пат за да избегаат надвор од зоолошката, но планот не им успеал.