12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан порача дека Унгарија ќе ја поддржи Полска

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја смета дека силна Полска е клучен дел од централноевропската група внатре во Европската унија и дека ќе ја блокираат секоја акција со која би се суспендирало правото на гласање на Полска во Унијата. Орбан нагласи дека Полска, која се најде на удар на критики од Брисел поради реформи на правосудниот систем, неправедно критикувана. Унгаририја, како што порача тој, нема да го поддржи покренувањето на членот 7 од Лисабонскиот договор.
„Мораме јасно да ѝ ставиме до знаење на ЕУ дека е бесмислено дури и да се покрене процедура против Полска, бидејќи нема шанса тоа да се спроведе, зошто таму ќе биде Унгарија и ќе формира непремостива барикада“ предупреди Орбан.
Европската комисија го активира членот 7 од Лисабонскиот договор, со што покрена процедура против Полска, поради, како што се наведува, спорните реформи во правосудниот систем на таа земја, а таа мерка би можела да доведе до санкции без преседан, при што Брисел настојува да ја задржи таа своја членка на демократски пат.
Некогаш се нарекува и нуклеарна опција, членот 7 никогаш досега не бил покренат ниту против една земја членка на ЕУ, а претставува знак на сериозна загриженост поради новите полски закони на полето на правосудството.
Спонзорирано: