3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новогодишниот базар „Улица на радоста“ на плоштадот Македонија

Од утре, 23 декември, плоштадот Македонија ќе пулсира во новогодишно расположение. Започнува новогодишниот базар со мото „Улицата на радоста“, кој на посетителите ќе им понуди рачно изработени предмети, пригодни подароци, топли напивки, вкусна храна и уште многу други содржини.
Новогодишниот базар е во соработка со здружението на граѓаните МАТА (Македонска артисанска трговска асоцијација) и ќе трае до 31 декември до попладневните часови.
Од 28 декември на најрадосната улица најмладите посетители ќе може да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија“ и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.
И годинава на 31 декември, точно напладне, во 12 часот, традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот во Скопје.
Организаторите, Град Скопје и Конгресниот центар „Александар Македонски“, велат дека и оваа година ќе се потрудат тоа да биде на необичен начин и да биде изненадување за сите деца.