8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски: Неприсуството на дел од делегатите на Конгресот е потврда за демократските капацитети на партијата

„Неприсуството на членови на Извршниот комитет и делегатите на конгресот е потврда на демократските капацитети кои се внатрепатриски во ВМРО-ДПМНЕСекој оној делегат кој чувствува потреба и одговорност да биде дел од Конгресот е тука и оној делегат кој што не присуствува исто така го поздравувам и ја почитувам неговата одлука“, изјави Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, кој е единствен кандидат за нов претседател на партијата пред почетокот на вонредниот конгрес што одржува во Валандово.
„Сведци сте дека најголемиот дел од луѓето што ја потпишаа Иницијативата за демократизација која што беше објавена пред некој ден се присутни во салата, така што сигурен сум дека пратеничката група претставува еден од столбовите за идното функционирање на ВМРО-ДПМНЕ. Јас ако бидам избран за претседател, ќе ги потпирам моите политики и на партијата на пратеничката група. Станува збор за луѓе со исклучителен капацитет“, додаде Мицкоски.