5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Министерството за култура ја објави последната верзија на нацрт-стратегијата за културен развој

Министерството за култура на својата интернет-страница ја објави последната верзија на нацрт-стратегија за културен развој 2018-2022 во оваа неофицијална форма, со цел таа да биде што побргу достапна до јавноста и сите заинтересирани.
Последната верзија на нацрт-стратегијата е подготвена од страна на работната група формирана во Министерството за изготвување на стратегијата за културен развој 2018-2022 година, а таа ги вклучува прифатените предлози од првиот и вториот круг на јавната расправа по текстот, како и предлозите испратени од засегнатите страни, информираат од Министерството за култура.
Јавната презентација на нацрт-стратегијата пред таа и официјално да се поднесе на усвојување до Владата на Република Македонија, а потоа и до Собранието на РМ, ќе се одржи на 27 декември 2017 со почеток во 11 часот во Музејот за современата уметност во Скопје.
Спонзорирано: