Ловци фатиле и убиле алигатор долг 4,5 метра кој им ги јадел кравите на фармерите во местото Окичоби во Флорида.
Животното тешко 360 килограми го фатиле сопственик на фарма и ловецот Блек Годвин.
Како што навеле, алигаторот се сместил во блиското езеро, а кога го убиле морале со трактор да го извлекуваат од водата.
Неговото месо планираат да го дадат во добротворни цели, а остатокот од телото ќе го препарираат за изложби.
Фото: Фејсбук