18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје поставува столпчиња пред Министерството за правда по реакција на граѓаните

На барање на граѓаните, Град Скопје денеска започна да поставува столпчиња пред Министерство за правда. Идната недела ќе биде ограден и остатокот од тротоарот на овој потег во центарот на Скопје.
Ваквата активнот на Градот доаѓа откако на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии на кои се гледа дека службеното возило на министерот за правда, Билен Салији, е паркирано на самиот тротоар. Станува збор за фан-страницата на Фејсбук, „Пријави загадувач“.
Граѓаните му пишаа на министерот дека не само неговиот туку на тротоарот секојдневно се паркираат и возила на други вработени во Министерството.
Спонзорирано: