7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Гала премиерата на „Ромео и Јулија“ на Пројковски во Истамбул поздравена со овации

Со аплауз и овации беше поздравена гала премиерата на шекспировата „Ромео и Јулија“ во режија на Дејан Пројковски, која се одигра синоќа во Националниот театар во Истамбул, Република Турција. Гала премиерата беше посетена од видни личности од културниот и јавниот живот во Турција.
Во уметничката екипа заедно со режисерот Дејан Пројковски работеа и костимографката Олга Панго, а композитор на музиката за претставата е македонскиот музичар Горан Трајковски. Асистент на режија е Атила Клинче, сценографијата е на Нурула Тунџер, костимографијата на Медина Алмаџ и дизајн на светло од Серхан Акн.
Театарската критика во Турција даде највисоки оценки за претставата „Ромео и Јулија“.
“Претставата која произлегува од кинематографската перцепција на режисерот треба да се разгледа во две фази – првата е длабочината на сцените кои нѐ водат во магијата на љубовта, а втората е извонредниот спој на музиката и играта во водата. Приказната која е ставена во еден чин, а трае повеќе од 2 часа, не остава простор за потреба од пауза, бидејќи секако ќе ја гледате во еден здив “, напиша во својата рецензија Јашам Каја, еден од најважните театарски критичари во Турција. “За да ја опишам оваа претстава, нема да згрешам доколку го искористам зборот – совршена“, додава Каја.
“Навистина треба храброст за да се излезе пред публика со анализи кои го зашеметуваат човечкиот ум од првата до последната минута на претставата. Токму овој храбар пристап на режисерот го прави него голем кандидат за годинешните театарски награди. Вие сепак немојте да кажете дека „сте гледале претстави оваа сезона“ без да ја погледнете Ромео и Јулија на Националниот Театар Истанбул“, пишуваат критичарите.
Премиерата на Ромео и Јулија беше на 17.10.2017, а поради огромниот интерес, од тогаш до денес претставата има над 30 изведби.
На репертоарот на Националниот театар Истамбул, претставата „Ромео и Јулија“ е најавена со по 14 изведби за јануари и фебруари.
Спонзорирано: