17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат кривични од МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе кривична пријава против З.С., вработен како инспектор во надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата по член 335, став 2, а во врска со член 45 од КЗ на РМ.
Пријавениот со непреземање службени дејства во рамките на овластувањата дозволил да застарат кривични пријави, со што им предизвикал штета на засегнатите граѓани од 409.000 денари. Против полицискиот службеник е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.
Спонзорирано: