13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери ги констатира оставките на Пендаровски и Ковачески, ВМРО-ДПМНЕ повторно отсутна

Пред одржување на денешната собраниска седница, каде што на дневен ред се наоѓа разгледувањето на предлог-буџетот за в година, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги констатира оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачески. Исто така, беше констатирано и престанок на функцијата министер без ресор, која досега ја извршуваше Самка Ибраимовски, кој се враќа во пратеничките клупи.
Џафери ја прекина седницата во очекување известување од страна на ДИК за тоа чии мандати треба да бидат верификувани. Пендаровски заминува на функција национален кординатор за подготовка на Македонија за ченство во НАТО, а Ковачевски ја доби директорската позиција на „РЕК Битола“.
Пратениците на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на денешната седница.
Спонзорирано: