9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Данска: Уапсен маж кој планирал терористички напад во Копенхаген

Данската полиција уапси 30-годишен маж обвинет дека планирал напад со ножеви и експлозив во Копенхаген. Според весникот „Екстра бладет“, станува збор за неименуван маж кој им е познат на шведските разузнавачки служби поради приврзаност кон терористичката група Исламска држава. Од полицијата го потврдија апсењето, но нема детали поради постапката за сослушување на осомничениот.
Весникот наведува и дека уапсениот најверојатно е соучесник на сириски бегалец, кој во јули годинава беше осуден на 6,5 години затвор во Германија, поради планирање терористички напад во Данска.