10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Данска изненадена: „Мајки, испраќајте ги ќерките на одмор да се сексаат!“

И додека Индија и Кина мора да размислуваат како да го запрат преголемиот наталитет, Европа полека се претвора во стар континент на кој се раѓаат се помалку деца.

 

И тоа е огромен проблем. Данска пак има една од најниските наталитетни стапки.

И покрај големите права кои во таа богата земја ги имаат мајките, секоја од нив раѓа по 1.7 деца што е недоволно за одржување на бројот на население.

Токму тој проблем една данска туристичка агенција го претвори во успешна маркетиншка кампања која само на Јутјуб во два дена постигна феноменален успех.

Агенцијата „Spies Rejser“ низ одлична реклама ги наговара мајките да ги испратат своите ќерки со партнерите на „активен“ одмор бидејќи истражувањата покажуваат дека луѓето на одмор почесто се впуштаат во сексуални односи.

Мотото на нивната кампања е „Направи го тоа за мајка ти“.

– Во Данска се уште не се раѓаат доволно деца, и покрај малиот напредок. Тоа не загрижува. Но, во целата приказна најмногу патат мајките кои никогаш нема да доживеат искуство да бидат баби, вели нараторот во видеото.

– Ако тоа не го направите за Данска, направете го за вашата мајка, заклучува нараторот.

Имено, оваа реклама е продолжение на првиот дел чие мото беше „Направи го тоа за Данска“.

Спонзорирано: