15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Нема да има регулација на порталите, туку регистрација и нотификација

Нема да има регулација на порталите, туку регистрација и нотификација бидејќи е невозможно да се спроведе регулирање на овој вид медиуми, вели директорот на Агенцијата за аудио и адуивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски. Тој на последниот јавен состанок на Агенцијата за 2017 година информираше дека имаат нарачано истражување во однос на овие нови медиуми за тоа каква е состојбата споредено со другите држави. На почетокот на идната година се очекува да се добие објективно, непристрасно мислење од експерти коишто ќе ни дадат слика каква е состојбата на ова поле во другите држави.
Трајчевски на јавниот состанок ги презентираше активностите на ААВМУ за четвртото тромесечје со фокус на медиумскиот мониторинг за локалните избори. Во овој контекст биле поведени вкупно 14 прекршочни постапки за повреди на изборниот закон. Во однос на непочитување на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми донеле вкупно 13 решенија за мерки опомена по повеќе основи.
Пред присутните беа презентирани и резултатите од Анализата за известувачката рамка во медиумското покривање на теми поврзани со ЛГБТ заедницата. Според Ирена Цветковиќ, активист, која е дел од истражувањето, во Македонија се забележува подобрување во однос на застапеноста на теми поврзани со оваа заедница во медиумите, а таа промена, вели, беше создадена по промената на власта. Во анализата се нудат препораки меѓу кои во законите за медиуми да постои санкција за медиуми кои шират говор на омраза со конкретно наведување кон ЛГБТ заедницата.
Спонзорирано: